Тука сме!
Доколку барате креативни дизајни кои го задржуваат вниманието и инспирираат акција, дизајни кои ќе ги конвертираат Вашите посетители во постојани потрошувачи, тогаш Вие сте на правото место!
Наша мисија е да креираме графички елементи, кои визуелно комуницираат со посетителите, го истакнуваат брендот и Вашите идеји ги претворуваат во монетарен успех.
Брендирање и Идентитет
Вашиот бренд е повеќе од име и лого. Брендот е ДНК на Вашиот бизнис. Брендот сте Вие, Вашите потрошувачи, вработени, идентитетот и културата која ја создавате.
Брендот не се случува туку-така. Потребна е стратегија и затоа сме ние тука! Учиме за Вас и Вашиот бизнис, за што се залагате и каде сакате да стигнете бизнисот во иднина. Потоа развиваме стратегија составена од визуелни елементи, пишан збор и персона која ја оживува Вашата нова веб страна.

Дизајни за Социјални Медиуми
Сите бизниси кои генерираат најголем број на лајкови, коментари и споделувања на социјалните медиуми имаат нешто заедничко – свои материјали. Тие бизниси не се наслонуваат на обични слики најдени на Гугл или слики и видеа украдени од други бизниси на социјалните мрежи.
Голем фактор во брендирањето се уникатните слики и видеа кои ќе бидат интересни и примамливи за споделување со пријателите.
Принт Дизајн
Квалитетниот дизајн за принт треба да предизвика реакција кај Вашата публика т.е. да ги поттикне луѓето да размислуваат, научат (дознаат) или да разбуди чувства кон тоа што графиката го претставува. Само тогаш, Вашиот бренд ќе стане претпознатлив.
Но најважно од се, потребен ви е тим кој ќе ја види Вашата визија, низ Вашите очи и ќе креира дизајн кој ќе се поклопи со идентитетот на Вашиот бренд.